Фудбалската Федерација на Македонија предмалку излезе со сервисни информации околу вечерашниот дуел од Мундијалските квалификации помеѓу Македонија и Казахстан. Иститот се игра на Арената Тодор Проески од 20:45, а од ФФМ замолуваат за навремено доаѓање на публиката, како и уште неколку препораки.
1.Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена од 18:45 часот.
Ги повикуваме навивачите да пристигнат најдоцна еден час пред почетокот на натпреварот и да ги заземат своите места навреме.
2.Препорачуваме пристигнување пеш или со јавен превоз, бидејќи паркирањето околу арената ќе биде ограничено (освен за акредитирани возила).
3.Лица од eticket.ffm.com.mk ќе ги проверуваат билетите, а вие порано подгответе се за проверка.
4.Забрането е внесување чадори, големи торби, шишиња, запалки, пиротехнички средства, знамиња и транспаренти со несоодветна содржина.
Поддржете ја репрезентацијата фер, коректно и спортски, без навреди, расистички или дискриминаторски скандирања.