Македонија не успеа да го победи Казахстан, одигра дома само 1:1. Исто така во Кардиф селекцијата на Белгија победи кај Велс со 2:4.
Па така сега Белгија е прва, а ние речиси и да немаме шанси за директен пласман на Мундијалот ако се знае дека сега сме втори со 13 бодови, прва е Белгиоја со 14 и меч помалку.
Ова значи дека во ноември во Кардиф на гости кај Велс, на Македонија ќе и треба веројатно реми за да го обезбеди второто место и баражот.
Велиме најверојатно зошто Велс на гости кај Лихтенштајн не смее да победи со повеќе од пет голови. Ако успее во тоа, тогаш на Македонија ќе и треба само победа.
ТАБЕЛА
Белгија 14 (6), Македонија 13 (7), Велс 10 (6).