Гатузо пред дуелот со Израел: Среќни сме што војната заврши!

25
ФОТО: Nazionale Italiana di Calcio/FB

Италија утре во Удине против Израел го игра клучниот меч во квалификациите за пласман на СП 2026. Секако дека избраниците на селекторот Џенаро Гатузо се фаворити за тие три бода, ама тој денеска на пресот говореше и на нефудбалски теми.

Поточно за последните случувања во Газа.

Морам да кажам дека сме среќни и задоволни од најновата ситуација и што војната во Газа заврши. Прекрасно е да се види како многу луѓе се враќаат во своите домови. Сега следува натпревар, ќе има доста фанови кои ќе протестираат и ние го почитуваме тоа, но ќе има и такви кои ќе ни дадат поддршка. Инаку морам да му се заблагодарам на Спалети на убавите зборови за мојата работа како селектор на Италија, тоа мене многу ми значи“ рече покрај другото Гатузо.

ПретходноРаботнички го реши проблемот со регистрацијата на играчи
СледноМечевите на СП 2026 ќе се играат од 18, 21, 24 и 03 часот по македонско време!