Убедливо најслабиот селектор во историјата на фудбалот веќе не е предводник на А- репрезентацијата на Србија. Па така сега на негово место се споменуваат како кандидати Владан Милојевиќ, Дејан Станковиќ, Вељко Пауновиќ одбил.
Од друга страна медиумите во Србија а посебно во Русија, навестуваат можност сега веќе екс – селекторот на “орлите“, да преземе некој клуб во руската Премиерлига. Наводно имал и понуди.
Е, ова би било сензација, ако се знае дека Пикси во изминатите години како селектор на Србија покажа дека е далеку од тренер за големи работи.
Ама тие си знаат.
И да повториме, клубови од Премиерлигата во Русија, а не онаа вистинска Премиерлига во Англија. Таму клубовите се премногу сериозни за да се занимаваат со тренери како Пикси.