Иван Чупиќ:Одиме на победа, Вардар секогаш има големи амбиции и очекувања!

39

Некогашниот двоен европски првак, РК Вардар 1961, утре ќе ја стартува сезоната во ЕХФ Лигата на Европа. Противник е тимот на Сесвете, а мечот започнува во 18:45 часот и се игра во салата “Јанде Сандански“ во Скопје.

Во пресрте на утрешниот меч, стратегот на “црвено – црните“ Иван Чупиќ на денешниот прес истакна:

Како клуб Вардар секогаш има големи амбиции и очекувања. Тика нема дилеми. Знаеме дека мора да имаме што подобар резултат. Тоа се амбициите на клубот и амбициите на сите нас. Тоа не го криеме. Вардар ќе оди во ова натпреварување чекор по чекор. Немаме атрактивна група по имиња, но имаме тешка група. Се пренесуваат бодови во следната фаза па затоа мораме да играме на максимум секој меч. Добро знаеме дела Сесвете е млада и квалитетна екипа со желба за докажување. Наша прва цел е да освоиме колку можеме повеќе бодови на стартот на сезоната. Со полна сала верувам во победа“истакна стратегот на Вардар 1961.

ПретходноОфицијално: Младен Крсманчиќ е нов ракометар на ГРК Охрид! (ФОТО)
СледноГоце Георгиевски: Подготвени сме за дуелот со Сесвете!