Само реми (1:1), Казахстан не “удри” кога најмногу боли

244

Македонската фудбалска репрезентација и покрај огромната желба, надчовечките напори, и напорот кој што го даде вечерва на Арената Тодор Проески во Скопје, сепак, на крајот не успеа да ја извојува таа толку посакувана победа над Казахстан во рамките од седмото коло до Мундијалските квалификации и одигра реми 1:1.

И покрај фаворитската улога која ја имавме, со оглед на првото место во групата пред ова коло, сепак, Казахстан вечерва се покажа како исклулително квалитетен противник, кој што во Скопје се избори за него супер резултат.

Македонија останува да жали за огромната шанса која што ја има, а таа е пласманот на Мундијалот во САД, Канада и Мексико, која што со овој нерешен резултат, сега едноставно се комплицира.

Гостите од старт покажаа „заби“

Чесноков беше тој што прв се закани по нашата грешка во одбрана, но Димитриевски на место. Следуваше продорот на Алип во 18. Минута и нафрлувањето кое доби чудна траекторија, и ја одведе топката на само два три метра од нашиот гол централно. Чесноков се најде во идеална ситуација, но за чудо, а наша среќа шутираше со глава над гол. Ударот на Кензебек го заокружи првиот сет на шанси за казахстанците.

На сперотивната страна пак, Чурлинов нафрлува, а Ристовски со глава бие но премногу млако. Каиров во 27. Минута стравично бие кон нашиот гол но сантиметри покрај левиот дирек од голот на Димитриевски.

Три шанси за две минути за Македонија

Нашиот пак серијал можности започна во 34 минута кога Илиевски нафрли, а Ристовски од тешка позиција вади максимум. Шутироа со полуволеј, но Сејсен брани. По корнерот, со глава бие Велковски но и тој е сопрен од голманот на Казахстан за по вториот корнер со глава да биде Стојчевски но и тој е сантиметри непрецизен.

Ристовски го започнува вториот дел со речиси идентична ситуација како шанса во првото полувреме но за жал по нас, со ист епилог. Сесјен и овојпат на висина на задачата и брани.

Караман не шокираше во 56 минута

Колку и да посакувавме брзо наше водство на стартот на второто полувреме се случи сосема спротивното. Казахстанците по една нафрлена топка во која Димитриевски не ја прифати, а таа остана во воздухот, направија мешаница на само два метра од гол линијата. Истата ја искористи Караман и со ножички погодува во голот на Македонија.

 

По ова, Македонија веднаш нормално тргна да возврати, а првата ситуација за тоа ја имаше Тихомир Костадинов кој што на одличното по земја нафрлување на Барди, од непосредна близина шутираше покрај голот. Ситуацијата на Чурлинов во која тој добро ја спушти топката на петерец, повторно ја осуети голманот на Казахстан.

ЕВРОГОЛ на Енис Барди за 1:1…..

Ако нешто ни беше потребно во овие моменти од вториот дел тоа беше чудо. Кога не одеше од метро, две или три, може од дваесет и пет. И тоа благодарение на капитенот Енис Барди. Кој погодува неверојатно од слободен удар и го израмнува резултатот на 1:1 во 73. Минута од мечот. Од тој момент Македонија целосно се фрли на офанзива, ги направи потребните измени. Немаше што повеќе да се чека. Македонија тргна на се или ништо.

Акцијата од десно, ја одведе топката до Растодер, кој ја прими топката и од свртување шутираше но само во блокот на добро поставениот дефанзивец.

Следуваше ситуацијата во која Трајковски лошо изреагира во 85. Минута од мечот, шутираше лошо, можрби требаше да проигрува со осамениот Чурлинов лево.

МАКЕДОНИЈА – КАЗАХСТАН 1:1 (0-0)

Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 28.000. Судија: Хуан Мартинез Мунура (Шпанија). Стрелци: Ж. Картони: Алими (М).

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Алиоски, Зајков, Велковски (Костадинов 46), Стојчевски (Серафимов 75), Илиевски, Алими (Трајковски 75, Барди, Елмас, Миовски (Чурлинов 46), Ристовски (Растодер 62).

Селектор: Благоја Милевски

КАЗАХСТАН: Сеисен, Каиров, Касим, Алип, Вороговскиј, Заинудинов, Куат, Караман, Чесноков, Кенжебек, Свиридов.

Селектор: Талгат Баисуфинов

 

 

ПретходноМАЈСТОРИЈА: ГООООЛ…БАРДИИИИ (ВИДЕО)
СледноВелс – Белгија 2-4: Македонија најверојатно со реми во Кардиф ќе биде втора!