Одиме на „три од три“ со Казахстан: Мајсторијата на Алекс во Астана! (ВИДЕО)

101
ФОТО: FFM.MK

Вечерва од 20:45 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, го дочекуваме Казахстан во меч од квалификациите за СП 2026. Ова ќе биде последен меч за нас како домаќини. Ни останува само оној кај Велс во ноемврискиот циклус за крај.

Вечерва игра со силен противник, но Македонија покажа во овие квалификации дека знае како треба. Токму затоа одиме на победа, тука нема дилеми.

Кога сме кај историјатот со оваа селекција, да кажеме дека тоа ќе биде трет меч меѓу Македонија, а во претходните два имаме две победи и тоа без примен гол.

Првиот меч се одигра на Арената во Скопје на 4 јуни 2021. Тоа беше “генералка“ или пријателска во пресрет на ЕП 2021 на кое учествувавме.

Победивме убедливо со 4:0, а стрелци на головите беа Алиоски, Тричковски, М.Ристовски и Чурлинов.

Во овие тековни квалификации за пласман на СП 2026, Македонија на 9 јуни оваа година успеа со 0:1 да слави во Астана, и тоа со голот на Александар Трајковски во 33.минута.

Значи Македонија досега против оваа селекција знае само за победи, па така нека биде и вечерва, нека биде “три од три“ за Македонија.

Да се потсетиме и уживаме уште еднаш на голот, на мајсторијата на Алекс во Астана:

ПретходноЛеклер: Нормално е да сме разочарани, Ферари не е тим кој брка второ или трето место
СледноЈокиќ ги шокираше коментаторите со својот потег: „О, боже“