Полувреме на Арената без голови: Казахстан се закани, Македонија возврати со шанси

71

Македонската фудбалска репрезентација во моментов го игра седмиот квалификациски дуел од тековната Мундијалска кампања во кој се среќава на домашен терен со репрезентацијата на Казахстан.

Нашиот национален тим во овој дуел влезе како лидер на табелата со дванаесет освоени бодови, а спроти себе има тим кој го победи и на негов терен во оваа кампања.
Сепак, Казахстан не пристигна во Скопје да се брани, и тоа веднаш го покажа.

Чесноков беше тој што прв се закани по нашата грешка во одбрана, но Димитриевски на место. Следуваше продорот на Алип во 18. Минута и нафрлувањето кое доби чудна траекторија, и ја одведе топката на само два три метра од нашиот гол централно. Чесноков се најде во идеална ситуација, но за чудо, а наша среќа шутираше со глава над гол. Ударот на Кензебек го заокружи првиот сет на шанси за казахстанците.

На сперотивната страна пак, Алими нафрлува, а Ристовски со глава бие но премногу млако. Каиров во 27. Минута стравично бие кон нашиот гол но сантиметри покрај левиот дирек од голот на Димитриевски.

Три шанси за две минути за Македонија

Нашиот пак серијал можности започна во 34 минута кога Илиевски нафрли, а Ристовски од тешка позиција вади максимум. Шутироа со полуволеј, но Сејсен брани. По корнерот, со глава бие Велковски но и тој е сопрен од голманот на Казахстан за по вториот корнер со глава да биде Стојчевски но и тој е сантиметри непрецизен.

ПретходноУбави вести за Чаби Алонсо: Се враќа заборавениот лев бек!
Следно“Тие што го критикуваат Вирц, не го разбираат фудбалот“