Проблеми за Артета: Капитенот Одегард во “аут“ најмалку шест недели!

15
ФОТО: Arsenal/FB

И тоа каков проблем за Микел Артета,проблем за сите во Арсенал. Имено капитенот Мартин Одегард поради повреда ќе биде надвор од терените најмалку месец и половина или шест недели.

Тој се здоби со повреда на коленото на мечот со Вест Хем. Првичните информации беа дека повредата и не е така сериозна, но последните лекарски прегледи му создадоа големи главоболки на стручниот штаб на Арсенал, Микел Артета.

Како што стојат сега работите Арсенал без Одегард ќе мора најмалку на мечевите со Фулам, Кристал Палас, Барнли, Сандерленд, Атлетико Мадрид и Славија Прага.

ПретходноОва е стартниот состав на Македонија: Ќе го напаѓаме Казахстан со Елмас, Миовски, Ристовски…
СледноСега и официјално: Зеленортските острови со пласман на Мундијалот!