КК Работнички ги плати давачките на име на долгови од минатите сезони, односно блокадите, по што и официјално доби дозвола за регистрација на новите странски засилувања од ова лето.
Шампионатот веќе беше започнат, а КК Работнички ги играше двете кола без новитетите. Сега, откако со шестмината кошаркари се потпишани спогодби за исплата на долговите, Работнички доби зелено светло за странците да почнат со настапи во македонскиот шампионат.
Па така, тренерот Мирковски и официјално сега ќе го има целиот ростер на располагање, за третото коло во кое КК Работнички во кое се среќава со Тиквеш.