Ракометарките ги стартуваа подготовките за дуелите со Германија и Словенија!(ФОТО)

25
ФОТО: Ракометна федерација на Македонија/FB

Нашата најдобра женска ракометна селекција ги започна подготовките за стартот на квалификациите за пласман на ЕВРО 2026, кое како што е познато ќе се одржи во Романија, Полска, Турција и Словачка.

Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски на стартот од овие квалификации ќе ги одмерат силите со Германија и Словенија. Веќе во четврток и гостуваме на Германија, а потоа следи мечот со Словенија во Битола.

Инаку да се потсетиме дека на ЕВРО 2026 се пласираат двете првопласирани од секоја група како и четирите најдобро третопласирани селекции.

ПретходноГана се врати на Мундијалот
СледноМакедонија ја освои престижната награда за “Развивање на Темата” на ЕКСПО 2025 во Осака