Чудо невидено. Првокласна сензација. Сепак сосема заслужено. Селекцијата на Зеленортските острови и официјално се пласираше на СП 2026, откако предмалку на свој терен славеше против Есватини со 3:0. Сосема доволно за да го освојат првото место во групата во Африканската зона.
Па така оваа земја ќе биде најмалата, по површина, само 4.033 км2, која некогаш играла на Мундијалите и втората најмала по жители со 600.000. Овој рекорд го држи Исланд со двојно помалку жители.
Јасно е дека по завршувањето мечот следува невидена еуфорија во таа островска земја или поточно архипелаг.
Владата на оваа земја нареди денеска никој да не смее да работи, училиштата да бидат затворени, едноставно сите да имаат можност да го прослават овој историски успех.
Ова е една од најголемите, ако не и најголема сензација во историјата на било кои квалификации за било кои Мундијали.
Зеленортските острово во групата одиграа 10 меча, забележнаа седум победи, имаа две ремија и само еден пораз и на крајот завршија пред селекциите на Камерун, Либија, Ангола…
Можеме само да претпоставиме какво ќе биде славјето меѓу народот на оваа земја.