Убави вести за Чаби Алонсо: Се враќа заборавениот лев бек!

54
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Заборавениот лев бек на Реал Мадрид, Ферлан Менди, ќе се врати на групни тренинзи оваа недела по цели шест месеци. Мадридските медиуми денес потврдија дека Менди конечно добил зелено светло да се врати на тренинзи со остатокот од тимот и дека наскоро ќе се натпреварува за составот на Чаби Алонсо.
Исто така, информации од Мадрид тврдат дека Менди би можел да влијае на времето на играње на Фран Гарсија, кој досега беше план Б наместо Алваро Карерас.
Патем, Менди пропушти шест месеци поради низа повреди, па дефинитивно ќе му треба повеќе време за да се врати во ритам и да ја пронајде својата форма.
Тој пристигна во Реал Мадрид во летото 2019 година и ги освои сите можни трофеи, а беше и стандарден играч за Зинедин Зидан и Карло Анчелоти.

ПретходноОваа земја која има жители како половина Скопје е вистинско ЧУДО! (ВИДЕО)
СледноПолувреме на Арената без голови: Казахстан се закани, Македонија возврати со шанси