Енис Барди уште еднаш покажа дека е фудбалски мајстор. Во таа 74.минута од околу 30 метри од слободен удар постигна фантастичен гол за 1:1.
До крајот Македонија имаше уште две – три шанси за целосен песврт и победа, но сепак не успеа.
Сепак честитки за борбеноста, храброста и играта во второто полувреме.
Македонија сега е во серија од 14 официјални меча без пораз и ќе игра бараж за пласман на СП.
А, капитенот во еден момент на мечот се фати за глава како да сакаше да праша:
„Па, зарем е можно“, како за голот така и за шансите кои го имавме во финишот а не успеавме да ги реализираме.
Како и да е … СОНОТ ЗА ПЛАСМАН НА МУНДИЈАЛОТ Е ТУКА!