Франција без Мбапе до бод кај Исланд, Косово ја шокира Шведска

54
фото: Équipe de France de Football/ФБ

Покрај мечевите од групата Ј, вечерва се одиграа уште неколку средби во квалификациите. Франција без Килијан Мбапе одигра 2:2 на Исланд. За домашните стрелаа Палсон и Хлунсон, а за гостите Нкунку и Матета.

Германија славеше со 0:1 кај С. Ирска. Додека Косово како гостин ја шокираше Шведска со 0:1 и тоа со голот на Аслани во 52.минута.

Словачка го победи Луксембург со 2:0, Словенија и Швајцарија одиграа без голови и Украина го победи Азербејџан со 2:1.

ПретходноВелс – Белгија 2-4: Македонија најверојатно со реми во Кардиф ќе биде втора!
СледноБајсофунов: Ова е тој Казахстан каков што сакам да изгледа