(13.10.1993 – 13.10.2025)Македонија вечерва го игра својот 300.меч: Јубилејот нека биде со победа!

131
ФОТО: Фудбалска Репрезентација на Македонија/fb

Македонија вечерва од 20:45 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје и тоа против Казахстан, во рамките на квалификациите за СП 2026, ќе го одигра својот јубилеен 300.меч во својата историја.

Се почна со победата во Крањ на 13.10.1993 кај Словенија со 1:4, а еве вечерва играме екстра важен меч со Казахстан за пласман на СП 2026.

Ова е неофицијална бројка, ако се знае дека во тие 32 години игравме и неофицијални пријателски мечеви, но е земена од бројот на натпревари на селекторите.

И ако е така, ако ова е 300 јубилеен меч на Македонија, тогаш нека овој јубилеј го прославиме со победа.

Неверојатно.

И на првиот меч игравме на 13 октомври, и овој 300-тиот го играме на 13 октомври.

Во тие 299 натпревари, Македонија забележала 97 победи, има 76 ремија и 126 порази.

Вечерва селекторот Благоја Милевски по 48 пат ќе ја предводи Македонија, има 19 победи, 13 ремија и 15 порази.

Македонија е во серија од 13 меча без пораз.

Претходно80 години Пелистер: Емоции, одликувања, признанија..(ФОТО)
СледноБитолчани веројатно срушија рекорд: Билетите за Е.Пелистер – Барселона распродадени за осум минути