80 години Пелистер: Емоции, одликувања, признанија..(ФОТО)

43
ФОТО: FC Pelister Bitola/FB

По повод 80 години ФК Пелистер, се одржа Свечена академија, на која беа споделени емоциите од осум децении постоење на клубот.

Пелистер годинава слави и 50 години од „златната“ генерација на клубот која што го направи најголемиот успех и за првпат заигра во Втората југословенска лига. Од таа генерација произлегоа бројни легенди на клубот, а двајца од нив добија посебни признанија на Свечената академија на клубот.

На церемонијата во Офицерскиот дом во Битола, некогашните асови на Пелистер, Петар Упалевски и Спасе Ристевски добија награда за кариера.

На церемонија одликувани со признанија беа луѓе што оставиле голема трага во клубот, меѓу нив и Драганчо Димитровски и Бруно Пресилски.

Бруно Пресилски е стрелецот на историскиот прв гол во независна Македонија. Првиот погодок во ПМФЛ Пресилски го постигна во победата над Рудар од 5-0, на 23 август 1992 година. Димитровски, пак, е најдобриот стрелец на Пелистер во прволигашкиот шампионат на Македонија. Признанието го прими неговиот син Дарко.

ПретходноМакедонија ја освои престижната награда за “Развивање на Темата” на ЕКСПО 2025 во Осака
Следно(13.10.1993 – 13.10.2025)Македонија вечерва го игра својот 300.меч: Јубилејот нека биде со победа!