Ах, таа проклета 90+6.минута: Дури сега се гледа колку ни недостигаат тие два бода од мечот со Велс во Скопје!

471

Македонија во пресрет на вечерашните два меча, во Скопје и Кардиф, се наоѓа на чело на табелата во групата Ј за пласман на СП 2026.

По она реми во Гент, сега за директен пласман на Мундијалот не зависи само од нас.

Вечерва играат Македонија – Казахстан (Скопје) и Велс – Белгија (Кардиф).

Со победа вечерва и дефинитивно ќе останеме лидери на табелата во пресрет на ноемврискиот циклус, но тогаш ќе имаме само еден меч, а Белгија и Велс по два.

И тоа е проблем за нас, посебно ако се погледне како сега изгледа табелата:

Македонија 12 (6), Белгија 11 (5), Велс 10 (5).

А ова се сите мечеви до крајот во нашата група:

Македонија – Казахстан, Велс – Белгија, Казахстан – Белгија, Лихтенштајн – Велс, Велс – Македонија, Белгија – Лихтенштајн.

Познато е дека само победникот во групата обезбедува директен пласман на Мундијалот, а второпласираната ќе игра бараж.

Македонија да биде и трета, ќе игра бараж поради триумфот во Лигата на Нации.

Значи ако сакаме да одиме директно на СП 2026 како првопласирана селекција, мораме вечерва да славиме против Казахстан а потоа во ноември да славиме кај Велс на гости, но мора и вечерва Велс да слави над Белгија. Се друго е неважно во поглед на тоа дали можеме да завршиме како први.

А се ќе беше поинаку ако на 25 март оваа година на мечот Македонија – Велс во Скопје, во таа проклета 90+6.минута тој Брукс не постигнеше гол и не израмнеше за конечни 1:1.

Секунди беа во прашање, ама тоа е…тоа не можеме да го вратиме.

Дури сега се гледа колку ни недостигаат тие два бода од тој меч со Велс во Скопје.

А ако на 25 март останеше резултатот 1:0 за Македонија, тогаш еве сега како ќе изгледаше табелата:

Македонија 14, Белгија 11, Велс 9…

Уф, штета.

Сепак веруваме дека Македонија следното лето ќе биде дел од Мундијалот, од спектаклот кој цел фудбалски свет со нетрпение го чека.

Познато е дека можеме и преку бараж да го оствариме сонот.

НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!

ПретходноБитола е на нозе, Барселона за првпат ќе гостува во градот на конзулите
СледноГана се врати на Мундијалот