Исник Алими: Жалиме за ова реми, но сонот за Мундијалот не е згаснат!

50

Македонија и покрај желбите, посакувањата на сите нас, сепак не успеа да слави вечерва против Казахстан. Одигравме само 1:1 со Казахстан и освоивме само бод.

Сега веќе не сме лидери на табелата, ноемврискит циклус ќе го дочекаме како втори на табелата.

По мечот свое видување имаше Исник Алими:

Жалиме по ова реми.Бевме уморни од натпреварот со Белгија. Креиравме многу шанси, но како да немавме доволно среќа. Во првото полувреме требаше да бидеме поагресивни, а во второто одигравме подобро, но малку ни фалеше за да дојдеме до таа победа. Фудбалот е таков, понекогаш добиваш, а понекогаш губиш.Но, нашиот сон за пласман на Мундијалот не е згаснат, имаме уште шанси и треба да мислиме за натпреварот во ноември“ посочи играчот за врска.

ПретходноФОТО НА ДЕНОТ: Па, зарем е можно?!