“Тие што го критикуваат Вирц, не го разбираат фудбалот“

30
ФОТО: LiverpoolFC/FB

Во летниот преоден рок еден од најголемите и најспектакуларни трансфери беше оној на Флоријан Вирц од Леверкузен во Ливерпул.

За него “Редси“ дадоа и повеќе од 130 милиони евра, но јасно е дека Германецот кој има 22 години, барем на почетокот не успева да го искаже својот раскошен квалитет.

Можеби затоа на Островот веќе почнаа критиките кон него.

За ова свој коментар имаше Илкај Гундоган, неговиот некогашен соиграч од репрезентацијата на Германија, некогашна голема ѕвезда на Манчестер Сити, а сегашен член на Галатсарај.

Јасно беше дека Флоријан ќе биде во центарот на вниманието поради висината на неговиот трансфер. Исто така разбирливо е дека и очекувањата се големи. Од она што јас го прочитав, а тоа е дека нема играч во ПЛ кој креирал повеќе шанси од него, тогаш можам да кажам дека сите кои го критикуваат фудбалерот на Ливерпул едноставно не го разбираат фудбалот“ рече покрај другото Гундоган.

ПретходноПолувреме на Арената без голови: Казахстан се закани, Македонија возврати со шанси
СледноМАЈСТОРИЈА: ГООООЛ…БАРДИИИИ (ВИДЕО)