ЕХФ Европска лига: Вардар со победнички мисли на мегдан со Сесвете!

86

Ракометарите на РК Вардар 1961, некогашниот двоен европски шампион, денеска ја стартува новата европска сезона во ЕХФ Европската лига. Прв ривал е хрватскиот состав Сесвете, непознат ривал за “црвено – црните“, но тоа нема да биде и не смее да биде пречка за четата на стратегот Иван Чупиќ вечерва од 18:45 часот во салата “Јане Сандански“ во Скопје, да дојде до победа и со триумф да ја стартува новата европска одисеја.

Ова е меч од групата Ф, во која покрај нашиот вицепампион и Сесвете, се и екипите на Тулуз и Кристијанштад.

Вардар во Суперлигата има “седум од седум“, игра одлично, победува без проблеми, го совлада и шамионот Пелистер. Ова покажува дека “вардарци“ се во одлична форма и затоа со право очекуваат само победа и ништо друго.

Тоа вчера на пресот јасно и гласно го кажаа стратегот Иван Чупиќ и искусното крило Гоце Георгиевски.

Вардар во оваа европска сезона влегува со големи надежи, очекувања и амбиции.Тоа во најмала рака е пласман во главната фаза, за потоа ќе видиме, ова сите од Вардар не го кријат.

Од друга страна иако Вардар е име и величина за Сесвете, сепак не смее во Европа ниту еден ривал да се потцени. На тоа вчера предупреди и самиот Чушиќ кој нагласи дека ако сака Вардар победа, а сака секако, тогаш ќе мора да се одигра максимално и со поддршка од публиката да се дојде целта, а таа е победа и само победа.

ПретходноФФМ со благодарност до фановите за вчерашната поддршка од трибините!(ФОТО)
СледноНеверојатно: Ги имаат Исак и Ѓокереш во нападот а во квалификациите освоиле само еден бод!