Тоа е тоа, што би рекол еден некогашен селектор на Македонија. Така е тоа кога некои надвор од фудбалот решаваат кој ќе биде селектор, кој ќе биде нај, нај во својата земја.
Фудбалска Србија, која некогаш важеше за балканска велесила, сега го допре дното.
По катастрофата и добиеаната шлаканица од Албанија во Лесковац, сека Србија доби и шлаканица од Косово.
Иако репрезентацијата на Србија имаше мали шанси низ Лигата на Нации да игра бараж за СП 2026, сега по победата на Косово кај Шведска, се чини дека и таа можност пропаѓа.
Што е поболно за Србите, сега Косово има шанса и за директен пласман на Мундијалот. Можеме само да претпоставиме како тоа ќе биде прифатена во оваа земја.
Инаку Србија да се најде во баражот преку Лигата на Нации, потребно е Косово да загуби на последните два меча со Словенија и Швајцарија, а Шведска да победи на средбите со истите селекции, со други зборови Шведска на крајот да биде пред Косово.
Малку веројатно.
Секако дека после победата на гости синоќа кај Шведска од 0:1, сега Косово е хит на колото во квалификациите за СП 2026.