Од денеска е и официјално. Место во Варна, каде што беше првично одреден домаќинот на Б на ЕВРО 2026 во одбојка, одреден е градот Софија како домаќин на групата во која покрај Бугарија, се и Македонија, Полска, Украина, Португалија и Израел.
Оваа одлука на раководството на Одбојкарската федерација на Бугарија наиде на поддршка и од ЦЕВ, ако се знае дека европската федерација посакува на своите натпревари на ЕВРО да има што повеќе публика. А тоа во Арената “Софија“ со капацитет од 12.000 гледачи секако дека е можно.
Па ова значи дека македонските фанови, односно “Фалангата“ се очекува во септември да го “окупира“ главниот град на Бугарија, да изврши инвазија со фанови во Софија.
Јасно е дека не е исто да патуваш во Варна или во Софија и да ја бодриш нашата одбојкарска репрезентација на ова ЕВРО 2026.