Во сезоната 2025/2026 ќе се натпреваруваат вкупно 14. екипи, поделени во две натпреварувачки групи.
СИСТЕМ НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ
Во натпреварувачката сезона 2025/2026, Првата македонска лига ќе брои вкупно 14. екипи. поделени во две групи, група „А“ и група „ Б“ (по седум екипи).
Во првата натпреварувачка фаза, во двете групи ќе се игра според двокружен систем, „секој со секого“ (вкупно 12. кола)
Втората фаза продолжува со формирање на други две групи, односно, ТОП-8 и ПЛЕЈ-АУТ 6.
Првите четири екипи од Група „А“ и првите четири екипи од Група „Б“, ќе разигруваат во ТОП 8, односно во група во која се пренесуваат меѓусебните резултати од првата фаза.
Се игра според системот „дома-гости“, против четирите екипи од другата група (осум натпревари по екипа).
Во Плеј-аут-6 групата, ќе разигруваат последните три екипи од Група „А“и последните три екипи од Групата “Б“.
Во оваа новоформирана група, се пренесуваат меѓусебните резултати од првиот дел. Се игра според системот „дома-гости“, против трите екипи од другата група (6 натпревари по екипа).
Последнопласираниот испаѓа во Аматерска лига за наредната натпреварувачка сезона, 2026/27.
ПЛЕЈ-ОФ
Првопласираните четири екипи од ТОП 8 фазата ќе обезбедат пласман во завршниот дел од сезоната – доигрувањето за пополнување на место кое води во Суперлитаата за нареднатат натпреварувачка сезона 2025/2026.
Ќе се игра согласно со принципот „1-4, односно 2-3“, во серија „подобар од три натпревари“, во која предност на домашниот терен ќе има подобро рангираната екипа од регуларниот дел од сезоната.
Победниците од двете полуфинални серии ќе обезбедат пласманн во финалето. Серијата која ќе го даде победникот во Првата македонска лига, ќе се игра според системот „подобар одд три натпревари“, во која шредноста на домашниот терен, во евентуалниот трет натпревар или т.н. „мајсторка“, ќе ја има подобро рангираната екипа.
Победникот на оваа серија ќе биде нов член на МТЕЛ Супер лигата за натпреварувачката сезона 2025/2026.
КАЛЕНДАР НА НАТПРЕВАРУВАЊЕ
Почетокит на лигата е предвиден за 18. односно 19.октомври (поради изборите ќе биде поместен за неколку дена). Сите натпреварувачки кола се играат за време на викенд, освен вторите натпревари. во полуфинале и финале (среда).
Согласно со календарот, првата фаза, односно 14. кола ќе се играат заклучно со 31.јануари, 2026 година.
По пауза од една седмица, веќе на 7 февруари, ќе се играат и првите натпревари од ТОП 8 односно ПЛЕЈ-АУТ фазата.
За време на завршницата од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ (13–15.февруари. 2026 година), лигата мирува, односно нема да се играат натпреварите од тековното коло.
СОСТАВ НА ГРУПИТЕ
ГРУПА А: Охрид, Тетекс ТТК, Мега Баскет, Црн Дрим, Вардар, Младинец, Партизан Водно Санс
ГРУПА Б: Бутел, Спортисимо, Струмица ФМП, Борец баскет, Соколи 1933, Ролинг, Струмица, Овче Поле
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ – ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА-МАЖИ – ГРУПА „А“ ВО НАТПРЕВАРУВАЧКА СЕЗОНА 2025/2026
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ – ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА-МАЖИ – ГРУПА „Б“ ВО НАТПРЕВАРУВАЧКА СЕЗОНА 2025/2026