Барселона го претстави дресот со логото на новиот албум на Ед Ширан, кој Каталонците ќе го носат на претстојното „Ел Класико“. Дресот е развиен во соработка со музичкиот сервис Spotify.
Ед Ширан има над 92 милиони месечни слушатели на Spotify, а 14 од неговите песни се најдоа во The Billions Club, колекција од песни со над милијарда преслушувања на платформата.
„Play“ е неговиот осми албум, дело родено од радоста на живеењето и инспирирано од звуците и приказните што Ширан ги собрал низ целиот свет. Логото „Play“ на дресот ја истакнува способноста на музиката да ги надминува границите и да ги обединува луѓето.
Ed x New kit: A love story at first sight 👀🩷
@spotify @edsheeran ▶ pic.twitter.com/VbFvNiizYI— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 14, 2025