Ракометарите на шпанскиот шампион Барселона пристигнаа во Скопје во пресрет на дуелот со екипата на Еурофарм Пелистер кој ќе се одигра утре во Битола во рамките на ЛШ.
Ова ќе биде прв натпревар во историјата помеѓу двете екипи. На официјалниот веб-сајт на каталонскиот клуб стоеше дека ова за нив ќе биде „најжешкото“ гостување во оваа сезона.
Еурофарм Пелистер одлично ја започна оваа сезона со триумф против екипата на Загреб во првото коло, но потоа следуваа три порази од ПСЖ, Гог и Висла Плоцк. За разлика од Пелистер, Барселона се наоѓа на третото место на табелата со три победи и еден пораз.
📍🇲🇰 pic.twitter.com/uLWyEuBiUE
— Barça Handbol (@FCBhandbol) October 14, 2025