Ракометарите на Вардар имаа предност од 19-15 по првото полувреме на првиот меч од новата сезона на ЕХФ Европската лига. Во „Јане сандански“, момците на Чупиќ одиграа прво полувреме со неколку падови во ритамот, а гостите од хрватска се обидоа да ја покажат својата вистинска сила приближувајќи се на само еден гол разлика кон средината на полувремето.
Сепак, со подобра реализација во напад, Вардар успеа до полувреме да се врати на +4 и да влезе во вториот дел со солидна предност. Боно, Тузолана и Горига беа најефикански кај Вардар во првииот дел со по 3 погодока, додека кај Сесвете, раузан и Баковиќ постигнаа по 4 гола.