Ракометарите на Вардар ја отворија со победа новата сезона во ЕХФ Европската лига. Вечерва во Скопје, момците на Иван Чупиќ, во меч со доста падови во играта на крајот некако и рутински во финишот успеаја да дојдат до победа од 34-29.
Во првиот дел Вардар тргна добро, во првите десетина минути успеаја да направат разлика од 5 гола, но Сесвете на Игор Вори не се уплаши и успеа во последната третина од полувремето да минус еден. Така беше практично до последните три напади за „црвено-црните“ кои успеаја да ги реализираат и да го затворат полувремето со 19:15.
Многу слично изгледаше и вториот дел. Вардар отвори со плус 5 (20:15) и застана. Сесвете го искористи овој пад во играта на нашиот вицепрвак и успеа да дојде и до израмнување кон средината на полувремето 21:21. Откако и двата тима не искористија по еден напад, Вардар го врати ритамот и до крајот на мечот не дозволи нови пресврти.
Горига со 7 гола и денеска беше прв стрелец кај Вардар, каде 6 гола постигнаа Боно и Тузолана.