Даскаловски: Пелистер посакува победа во Загреб на стартот од ФИБА Европа Купот!

33
ФОТО: КК Пелистер Битола/FB

Пелистер забележа две убедливи победи на стартот од новата суперлигашка сезона, но тренерот Боро Даскаловски верува дека неговиот тим ќе прикажува уште подобри игри како што ќе одминува времето.

Новиот тренер на битолчани не дозволува овој тим да се опушти по две рутински победи, јасно ставајќи до знаење дека очекува значителен напред во периодот што следи, особено во играта во одбрана.

Резултатски гледано мора да се биде задоволен по две така убедливи победи, но кога станува збор за играта, тука како тренер гледам значителен простор за напредок. Особено тука говорам за одбраната каде се уште имаме грешки и проблеми во комуникацијата, но и тоа е сосема нормално кога се има голем број нови кошаркари во тимот. Работиме напорно и напредуваме од тренинг на тренинг, очекувам на секој нов меч играта во дефанзива да ни биде што подобра и формата уште повеќе да се крева во наредниот период“, изјави Даскаловски.

А следен предизвик за „пелистерци“ ќе биде гостувањето во Загреб против Цедевита Јуниор во рамките од првото коло oд ФИБА Европа купот. Меч кој се игра утре од 19 часот.

Како што веќе реков, чест ни е што како клуб ја претставуваме македонската кошарка во натпреварувањата на ФИБА и заедничка желба е што подобро да се претставиме во ова натпреварување. Цедевита јуниор е квалитетна екипа што ја почитуваме, добро покриена на сите позиции, тим што инсистира на брз напад и транзиција, што игра агресивно на топка во одбраната. Она што ќе треба да го сториме е ние да го диктираме темпото, да не дозволиме да влеземе во ритамот на противникот. Знаеме дека нема да биде лесно, но ќе сториме се веќе на првиот меч од ФИБА Европа купот да стигнеме до позитивен резултат“, истакна стратегот на Пелистер.

ПретходноЗаработува 70.000 фунти неделно, а страв му е да си купи автомобил или патики!
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ЗАЕДНО СО ВАРДАР ВО НОВАТА ЕХАФ СЕЗОНА – ТИПУВАМЕ НА ПОБЕДА!