Заработува 70.000 фунти неделно, а страв му е да си купи автомобил или патики!

103
фото: Liverpool FC (X)

Ибрахим Конате, Францускиот стопер на шесткратниот европски шампион, кој моментално заработува 70.000 фунти неделно, откри дека бил „преплашен од трошење на сопствени пари“ кога пристигнал во елитниот фудбал.

Во интервју за „Дејли меил“, тој рече дека се плашел од осудата на своите браќа ако покаже барем малку луксуз.
„Станав тоа што сум благодарение на секој од нив. Од првите чекори во парискиот универзитетски клуб до Ливерпул, тие секогаш беа со мене. Не трошев ништо на хедонизам, не купував автомобил, гардероба, патики, ништо. Се плашев дека ќе ми кажат дека сум се променил“, рече Конате.

Сепак подоцна работите се промениле:
„Нема да лажам, во последните година-две, малку претерав со купувањето гардероба“, се насмеа тој.

ПретходноГарабаја во пресрет на мечот со Барса: Мора да бидеме фокусирани на сите детали!
СледноДаскаловски: Пелистер посакува победа во Загреб на стартот од ФИБА Европа Купот!