Левандовски се повреди и нема да биде дел од „Ел Класико“

38
ФОТО: FC Barselona/FB

Огромни проблеми за Ханси Флик и за тимот на Барселона пред дербито со Реал Мадрид. За време на репрезентативната пауза, односно обврските кон репрезентацијата на Полска, повреда на мускулот заработи Роберт Левановски, по што дефинитивно напаѓачот паузира и нема да може да помогне за „Ел Класико“.

Ова го потврди и самиот клуб, напоменувајќи дека времетраењето на паузата ќе завси од карактерот на повредата.

Првото Ел Класико оваа сезона е на 26 октомври. Барселона би можела да има проблеми во нападот бидејќи ЛаминЈамал ​​и Фермин Лопез сè уште се опоравуваат од повреди. Дани Олмо и Феран Торес исто така се надвор од теренот, а Рафиња ќе биде неизвесен до крајот.

 

ПретходноПобедничка „фотка“ на Македонија У17: Одиме во „елитни“ квалификации
СледноСе случи и тоа, Шведска за прв пат отпушти селектор