Македонија У17 се пласира во елитниот дел од квалификациите

233

Македонската репрезентација до 17. години на квалификацискиот турнир во Струмица, каде што сме домаќини успеа да го освои второто место во групата и на тој начин да се пласира во следната елитна фаза од натпреварувањето.

Благодарение на денешниот триумф над последнопласираниот тим во групата, селекцијата на Гибралтар со резултат 9:0 со што Македонија на табелата заврши втора пред Унгарија која што загуби од лидерот Чешка со огромни исто така 7:1.

Македонија имаше денеска задача да победи со што е можно поголема разлика над аутсајдерот во групата што и се случи, и да чека поволен развој на настаните на другиот дуел од групата. За наша среќа се остварија двете нешта, и младите репрезентативци на Македонија заслужено заминуваат во следната фаза,

Гол серијата на Македонија започна во 23. минута кога погоди Папалиски, а следуваше голот на Бленди Љачка. Михајловски беше следниот стрелец, пред Папалиски да го постигне својот втор гол во финишот на првиот дел.

Во продолжението Цветковски е следен, па Џангаровски од игра па од пенал. Папалиски комплетира хет трик, пред серијата да ја заврши Мамути во деведесеттата минута.

 

 

ПретходноМоскера ја менува Шпанија со Колумбија
СледноПобедничка „фотка“ на Македонија У17: Одиме во „елитни“ квалификации