И дефинитивно никој не е совршен, па ни еден Дејвид Бекам. Имено неговата сопруга Викторија, по цели 30 години брак откри голема тајна поврзана со славниот Англичанец.
Тие се сигурно еден од најпознатите парови во светот на шоубизнисот. Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Милан ја запознал Викторија во 1997 година, додека играл за „Црвените ѓаволи“, се свршиле една година подоцна и се венчале на 4 јули 1999 година. Поранешната членка на популарниот бенд „Спајс Грлс“ открила дека никој, па дури ни нејзиниот Дејвид, не е совршен. Таа имала сериозни проблеми во кревет.
„Дури и Дејвид Бекам `рчи! Да, тој е неверојатно згоден, многу е паметен, многу е успешен маж. И е многу забавен. Но, дозволете ми да ви кажам нешто: тој `рчи! Носам чепови за уши и не е забавно. Зошто мислите дека ги носам? Можеби така изгледа, но најновата вест е дека дури и мојот сопруг `рчи. Морам да носам чепови за уши“, рекла Викторија Бекам.