СП: Унгарија се избори за бод во Лисабон, Шпанија лесно се справи со Бугарија

61

Португалија и Унгарија ремизираа со резултат 2:2 во вечерашниот дерби натпревар од квалификациите за Светското првенство. Натпреварот го одбележаа двата гола на Кристијано Роналдо во 22-та и 48-та минута со кои го сруши рекордот и стана најдобриот стрелец во историјата на квалификациите за СП. Сепак, головите на најдобриот фудбалер на сите времиња не беа доволни за победа на домаќините, бидејќи Унгарија успеа да се избори за многу важен бод во борбата за второто место во групата. Стрелци за гостите беа Салај во 8-мата и капитенот Собослај во 91-та минута.

Во вториот натпревар од оваа група Ирска минимално ја совлада Ерменија со 1:0 со голот на Еван Фергусон.

Шпанија оствари нова убедлива победа и со 4:0 ја победи немоќната Бугарија. Резултатот го отвори Микел Мерино во 35-тата минута, а во второто полувреме Мерино повторно погоди во 57-та минута и со голот на Ојарзабал во 92-та и автоголот на Чернев во 79-тата минута Шпанија дојде до нов триумф. Во истата група Турција убедливо ја совлада Грузија со резултат 4:1. Стрелци на натпреварот беа Јилдиз, Акѓун и Демирал за домаќините, како и Кочорашвили за гостинскиот тим.

ПретходноРидигер е заинтересиран за продолжување на договорот со Реал
СледноСП: Србија со пресврт ја совлада Андора, Англија и Италија убедливи