Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Матеј Цветаноски очиглендо дека одлично се снајде во дресот на легендарниот сараевски клуб Железничар, па босанските медиуми пренесуваат дека на напаѓачот му е понуден нов договор.
Цветаноски е веќе две години дел од тимот на Железничар, а сега ќе потпише нова едногодишна соработка.
Цветаноски има одиграно четириесетина мечеви за тимот, а има пет голови и пет асистенции.