Црна Гора во голеадата поуспешна од Македонија (ВИДЕО)

254

Македонската фудбалска репрезентација до 21. Година загуби на гостувањето кај Црна Гора, кое што е во рамките од тековните квалификации за следното ЕП. Нашите надежи загубија со 3:2, иако на полувремето водеа со 0:1. Сепак, во вториот дел домашните за релативно краток период постигнаа три гола, од што Македонија не можеше да се опорави резултатски. Ова е трет пораз на Македонија по стартните против Полска односно Италија, а имаме и еден триумф против Ерменија на домашен терен.

Првиот наш обид кон противничкиот гол беше на Меметриза Хамза, кој што одлично шутираше со лева нога, но голманот Радановиќ интервенира. Корнерот кој што беше изведен потоа донесе водство. По краткото проигрување, токму Меметриза Хамза нафрли одлично, а Мелиќи на петерецот највисок, погодува во десниот агол на Радановиќ.

youtube.com/watch?feature=shared&v=u3FRMoxYyNE

Домашните се обидоа на два пати, со удари од надвор од шеснаесетникот, но и со удар од непосредна близина, но Васко Василев во првиот дел одличен и сигурен.

Нашата најголема шанса за двојно водство пристигна по двојното проигрување на Дашмир Елези, кој од непосредна близина на голот на Радановиќ, убаво шутираше од прва, но црногорскиот голман овојпат на висина на задачата.

На спротивната пак страна Вуканиќ последен се закани, но по акцијата од лево и одличното проигрување за него, играчот на Будуќност шутираше над голот.

Примен гол кога имавме контрола на ситуацијата

Во 54 минута Димитар Трајков се обиде од полудистанца со лева, но Радановиќ повторно сигурен. Нешто што не може да се каже за нашиот голман, Васко Василев, кој што 56. Минута на ударот на Вуканиќ од свртување ја одби топката во својот петерец, а таму налета „деветката“ Перисиќ и реализираше за 1:1.

Јуковиќ прави комплетен пресврт, Мрваљевиќ за двојно водство

По изедналувањето на домаќинот, Македонија повторно се обиде да дојде до водство и се префрли на домашната половина. Тоа му овоможи на домаќинот да има простор на нашата половина за контра напади, а еден таков им донесе и водство. Мрваљевиќ одлично поведе на нашата половина, додаде за Јуковиќ, а овој со финта се намести на десна нога и шутираше неодбранливо за 2:1.

Тоа се случи во 68. Минута, за да веќе во 73. Домаќинот има 3:1. Вуковиќ нафрли од десно, топката стигна токму до Мрваљевиќ, а овој со помош на еден од нашите играчи во кој што удри топката постигна гол за двојно водство на домашните.

Македонија од ова не успеа да се опорави иако имавме минимални шанси на крајот од мечот. Истите ни ги донесе Димитар Трајков кој постигна гол во судиското продолжение. Сепак, немавме сила за да се вратиме резултатски комплетно.

youtube.com/watch?feature=shared&v=BfgVONYnSYo

Квалификации за ЕП У21

Црна Гора – Македонија 3:2 (0:1)

Стадион во Тузи

Стрелци:Перисиќ 56, Јуковиќ 68, Мрваљевиќ 73 (ЦГ) Мелиќи 13, Трајков 90 (М)

Црна Гора: Радановиќ, Вуковиќ, Мелентијевиќ, Франета, Марас, Кривокапиќ (Радусиновиќ 46), Вуканиќ, Мирановиќ, Кнежевиќ, Перишиќ, Мрваљевиќ

Македонија: Василев, Димески, Џеков, Мелиќи, Данев, Трајков, Ангелов, Гаштаров(Зенку 80), Елези (Талески 72), Ѓоргиевски (Николовски 58), Меметриза

ПретходноВардар има плус 4 на полувреме против Сесвете
СледноВардар тргна со победа над Сесвете во ЕХФ Европската лига (ФОТО)