Чупиќ: Најважни се двата бода

67

Ракометарите на Вардар 1961 ја совладаа екипата на Сесвете со резултат 34:29 и ја остварија првата победа во Европската ракометна лига. Избраниците на Иван Чупиќ одиграа одличен натпревар и ја оправдаа фаворитската улога против хрватскиот тим.

Хрватскиот стратег го даде своето мислење за натпреварот и победата на својот тим. „Влеговме многу агресивно во натпреварот и одлично трчавме во транзиција. Во вториот дел од првото полувреме направивме неколку грешки кога менувавме и примивме неколку брзи голови. Во второто полувреме отворивме добро, но имавме период кога не игравме добро и не можевме долго време да постигнеме погодок. Сепак, нашите играчи покажаа карактер и во одличен ритам го завршија натпреварот. Иако е само прв натпревар, мислам дека покажавме добар ракомет. Сепак, најважни се двата освоени бода, а се друго се заборава.“

ПретходноКристијано Роналдо продолжува да урива рекорди и во петтата деценија од животот
СледноПовредата на Мбапе не е сериозна, Алонсо ќе го има на располагање за следните натпревари