Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Бошко Ѓуровски, истакна дека лошото расположение во српската репрезентација нема да влијае на негативен исход од вечерашното гостување во Андора. За Ѓуровски, нема сомнение дека Драган Стојковиќ Пикси е роден победник и дека веќе донесе позитивна енергија на почетокот од квалификациите, но потоа неговата тврдоглавост дојде до израз.
„Ако навлеземе во подлабока анализа, мислам дека со неговото доаѓање во првите неколку натпревари, квалификациите за Катар, тој донесе позитивна енергија со својата харизма, неговата позитивна енергија, како легендарен фудбалер, а со малку среќа со Португалија, ја почувствувавме таа енергија и имавме резултати. Значи, тимот ја почувствува таа негова позитивна енергија. Тој е победник како играч, секогаш беше победник. Но, подоцна, не знам зошто беше толку тврдоглав, кога нацијата не беше задоволна од нашите игри. Значи, таа енергија што ја донесе, беше таква на почетокот, а подоцна почнаа да се појавуваат проблеми“, рече поранешниот фудбалер и тренер на Црвена звезда.
Ѓуровски истакнува дека тренерот на Ц. Звезда, Владан Милојевиќ, е добар избор за нов селектор.
„Видов во медиумите дека се споменуваат многу имиња. Според мене, фаворит е Владан Милојевиќ, тренерот на Црвена Звезда. Тој имаше континуитет со Звезда во два наврати. Публиката го сака, па мислам дека изборот ќе падне врз него, но сè е можно. Обично, кога сите размислуваат за едно име, некој доаѓа петти и тоа е изненадување “, заклучи Ѓуровски.