Репрезентацијата на Јужна Африка се пласираше на светското првенство во фудбал по прв пат по 2010. година кога беа домаќини на турнирот. Екипата предводена од белгискиот стратег Хуго Брос оствари победа со 3:0 против репрезентацијата на Руанда и го зазема првото место во групата Ц пред фаворизираната Нигерија која ќе мора да го бара своето место на СП преку поредокот на второпласирани екипи.
Ова ќе биде прв настап за Јужна Африка на еден континентален турнир по 2010. година кога беа првата афричка држава домаќин на едно светско првенство.
По поразот од репрезентацијата на Алжир, Уганда предводена од фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато не успеа да обезбеди пласман на СП.