Американското издание на „Спортс Илустрејтед“ го прогласи Флоријан Вирц за најлош летен трансфер во Премиер лигата. Списанието состави ранг-листа на најлошите трансфери од англиските клубови минатото лето. Критериумите за оценување беа перформансите на новите засилувања на почетокот од сезоната. Интересно е што во петте најлоши трансфери, дури три се на Ливерпул.
- Флоријан Вирц (во Ливерпул од Баер за 116 милиони фунти);
- Милош Керкез (во Ливерпул од Борнмут за 40 милиони фунти);
- Џејми Гитенс (во Челзи од Борусија Дортмунд за 51,5 милиони фунти);
- Јохан Виса (во Њукасл од Брентфорд за 55 милиони фунти);
- Александар Исак (во Ливерпул од Њукасл за 125 милиони фунти);