Гарабаја во пресрет на мечот со Барса: Мора да бидеме фокусирани на сите детали!

35

Претстои ракометен празник во Битола. Утре од 20:45 часот во меч од Лигата на Шампионите гостува Барселона, славниот каталонски и шпански клуб, веројатно најголемиот во историјата на ракометот.

Барса за првпат гостува во Битола, а тренерот на нашиот шампион, Рубен Гарабаја има свој коментар за дуелот меѓу Пелистер и Барселона:

Барселона е една од најдобрите три екипи во светот. Секој натпревар против нив е посебен, затоа што имаат мнигу ѕвезди и многу добри ракометари. Мора да бидеме фокусирани на сите детали. Ракометниот има помош од фудбалскиот клуб, нивната структура е извонредна. Таму сите ракометари се фокусирани само на настапите. Секој тим против Барса максимално се бори, но само до одреден момент. При секое губење на концентрацијата, тие постигнуаат 3-4 брзи голови од контра напади, бидејќи имаат одлична одбрана и најдобар голман во светот“ истакна Гарабаја.

ПретходноУЕФА си кажа за голот: Генијалецот Барди! (ВИДЕО)
СледноЗаработува 70.000 фунти неделно, а страв му е да си купи автомобил или патики!