Лазаров во Битола го следеше дуелот меѓу двата клуба што обележаа различни етапи од неговата блескава кариера

197

Кирил Лазаров, човекот кој остави неизбришлива трага во историјата на македонскиот, европскиот и светскиот ракомет, вечерва беше специјален гостин во Битола.

Во салата „Боро Чурлевски“, пред полни трибини и атмосфера каква што само Битола знае да создаде, Лазаров од лице место го следеше дуелот меѓу Пелистер и Барселона – двата клуба што обележаа различни етапи од неговата славна кариера.

Пелистер е тимот каде што започна неговата приказна, каде што првпат ја почувствува топката, тежината на големите очекувања и магијата на битолската публика. Барселона, пак, е местото каде што Лазаров ја допре ракометната совршеност и испиша страници што засекогаш ќе останат во историјата на овој спорт.

Пред натпреварот, каталонскиот гигант на својот официјален сајт со голема почит го претстави македонскиот првак, нагласувајќи дека Пелистер е клуб кој создава „бомбардери“ како Кирил Лазаров и дека зад него стојат страствени навивачи со огромна љубов кон ракометот.

Вечерва, Барселона можеше на лице место да ја почувствува таа енергија.

Претходно„Лудиот“ цепелин на Пелистер достоен за најавни шпици (ВИДЕО)
СледноМитревски: Благодарност до нашите фанови – тие се пример како треба да се навива!