Митревски: Благодарност до нашите фанови – тие се пример како треба да се навива!

73

Пелистер го запиша четвртиот пораз во низа во Лигата на шампиони откако беше совладан од фаворитот Барселона со 30-34. Актуелниот македонски првак и каталонскиот гигант за првпат во својата историја ги одмерија силите, и тоа во Битола. Ракометарите на Пелистер имаа одлична атмосфера, и овој пат салата „Боро Чурлевски“ беше исполнета до последното место.

Еден од најдобрите поединци во редовите на Пелистер беше Никола Митревски, кој запиша 12 одбрани.

„Секогаш е задоволство кога имаме полна сала и еден противник како Барселона. Голема благодарност до публиката која и кога губевме со 6-7 разлика не бодреше, нашите навивачи се пример како треба да се навива. Го дадовме својот максимум, пробавме да парираме, 20 минути бевме егал, но противникот со неколку добри одбрани и со брза тразнција, успеа го држи водтсвото. Можеше мечот да зааврши еден разлика, а можеше и седум. Честитики до моите соиграчи за борбата, секој го даде својот максимум“, изјави искусниот репрезентативен голман.

ПретходноЛазаров во Битола го следеше дуелот меѓу двата клуба што обележаа различни етапи од неговата блескава кариера