Нов интернационален предизвик: Лука Костиќ во кипарски Анагениси Дериниа

34
ФОТО: Одбојкарска федерација на Македонија/FB

Македонскиот репрезентативец Лука Костиќ во новата сезона ќе има нов интернационален предизвик, како играч на кипарскиот прволигаш Анагениси Дериниа. Одбојкарот и клубот се обврзаа на едногодишна соработка.

Костиќ е четвртиот интернационалец во редовите на Анагениси Дериниа, а во дресот на новиот клуб ќе дебитира викендов, кога стартува кипарскиот шампионат.

Со Дериниа се договоривме на едногодишна соработка. Веќе одработив неколку тренинзи со екипата и одлично сум прифатен од соиграчите. Има убава атмосфера за работа и убава енергија. Екипата е комбинација од млади и искусни играчи. Официјално сезоната стартува викендов и се надевам дека ќе биде успешна“ изјави Лука Костиќ.

ПретходноАлкалоид го задржа ростерот на играчи, а со тоа и високите амбиции за Европскиот клупски куп во шах!
СледноБарселона го претстави Пелистер: Школата за „бомбардери“ како Лазаров, тим со страсни навивачи