Фудбалската репрезентација на Чешка ќе има нов селектор. Досегашниот, Иван Хашек, е отпуштен откако чесите загуби во рамките од мундијалските квалификации од Фарските Острови. Иако тоа не е погубно за статусот на репрезентацијата во оваа кампања, и Чешка ќе биде дел од баражот за Мундијалот, сепка, на Хашек овој тежок кикс не му е простен.
„На состанокот во вторникот, одлучивме дека е најдобро веднаш да ги разрешиме селекторот Иван Хашек и неговиот помошник Јарослав Весели“, изјави претседателот на Чешката фудбалска федерација, Давид Трунда, за локалните медиуми.
Сеуште не се знае кој е неговиот наследник.