Пелистер и Барселона, вечерва (20:45 часот) за првпат во својата историја ќе ги вкрстат копјата. Каталонскиот гигант е гостин во салата „Боро Чурлевски“ во меч од петтото коло во Лигата на шампиони.
Шпанскиот тим на интересен начин го претстави на своите фанови клубот против кого ќе игра. Ударни беа осумте минути за кои се распродадоа сите карти, што пак доволно говори за страста на фановите на актуелниот македонски првак.
Синоним за Пелистер е Кирил Лазаров, кој исто така е синоним и за Браселона. Токму Пелистер е вториот тим во кариерата на македонскиот бомбардер, а од Барселона порачаа:
„Пелистер, школата на „бомбардери“ како Кирил Лазаров, одржува ростер составен главно од балкански играчи. Гарабаја го има искуството на Митревски на голот и заканата од левиот бек Филип Кузмановски, кој веќе постигна 20 гола во првите четири натпревари. Крилото Дејан Манасков (29 гола) и центарот Жарко Пешевски исто така прават разлика“.
Што се однесува до атмосферата во Битола го напишаа следното:
„Боро Чурлевски е најжешкото место во ова издание на Лигата на шампионите. Страста на неговите навивачи беше очигледна во времето што им беше потребно да го распродадат целиот капацитет: осум минути“.
Кирил Лазаров токму во дресот на Барселона против Пик Сегед ја „бркаше“ бројката од 1000 голови во Лигата на шампиони.
Насловната страница во продолжение е изработена од редакцијата на новинарите на www.sportsport.mk во времето кога имавме спортски весник.