Во натпревар од 8. коло во Суперлигата, вечерва ракометарите на Бутел Скопје остварија нова победа на домашен терен. Избраниците на Горан Кузмановски со 30:27 беа подобри од Струга.
Со оглед на тоа како течеше мечот, видовме одлична борба и од двата тима, но пресуди искуството на домашните. На крајот на првиот дел беше нерешено (13:13), а во вториот дел и падна одлуката за победникот.
Откако Бутел успеа да се одлепи на плус 3, беше јасно дека Струга тешко ќе успее да се врати во мечот. Со ова бутелчани ја остварија и петтата победа сезонава.
Со 10 постигнати гола, Николов беше најефикасен кај победничкиот систав, додека кај гостите Костов постигна 12 гола.