Гатузо: Ако не се пласираме на Мундијалот, ќе се иселам од Италија

63

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Џенаро Гатузо даде доста смела изјава по повод последните резултати на „Азурите“ и нивните шанси да се пласираат на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.

Италијаните врзаа две победи по ред преостануваат уште две кола, против Молдавија односно Норвешка. Норвежаните се први во групата, имаат 18 бодови, наспроти оние 15, на Италија, а двете селекции се среќаваат во последното коло. Извесно е дека Италија ќе биде втора и ќе игра бараж, освен ако не победи со енормно голема разлика против Норвешка, што е малку веројатно секако.

Па така, „Азурите“ ќе мора да играат бараж, а таму не секогаш се успешни, како против Македонија да речеме.

„Доколку Италија не се пласира на слендиот Мундијал, во 2026 година јас ќе се иселам од оваа држава. Нема повеќе да живеам во Италија. И сега живеам далеку, а тогаш ќе заминам уште подалеку“ – изјави Гатузо.

 

ПретходноМихаил Стојковски- Мотокрос шампион во Европскиот „Алпе Адриа Шампионат“
СледноДе Јонг: Барселона е местото каде што сакам да бидам (ВИДЕО)