Лукаку: Не можеме да го погребаме нашиот татко!

154
ФОТО: Belgian Red Devils/FB

Славниот Ромелу Лукаку, напаѓачот на Наполи и репрезентацијата на Белгија, на социјалните мрежи сподели потресни моменти од тоа што се случувало после смртта на неговиот татко.

Лукаку тврди дека тој и неговиот брат Џордан биле „уценувани“ од луѓе кои одбиваат да го предадат телото на нивниот татко за погреб во Белгија. Како резултат на тоа, вели тој, не ќе можат да му приредат на својот татко достоинствен погреб.
Роџер Лукаку, поранешен репрезентативец на Заир (сега ДР Конго) кој ја заврши кариерата во Белгија, почина минатиот месец на 58-годишна возраст.

Напаѓачот на Наполи даде емотивна изјава на Инстаграм.

Како што можеби знаете, планиравме погреб за овој петок, но поради одредени одлуки донесени во Киншаса, погребот ќе се одржи таму“, напиша тој.
„Нашиот татко почина на 28 септември и како браќа се обидовме сè да го вратиме неговото тело во Европа, но чувствувавме дека некои луѓе нè уценуваат“, додаде Лукаку, чие тело на покојниот татко се чува во ДР Конго.
„Да беше нашиот татко тука денес, немаше да го прифати ова. Ни крши срцата што не можеме да го погребаме нашиот татко. Но, некои луѓе не го сакаа тоа. Сега разбираме зошто нашиот татко нè држеше подалеку од толку многу луѓе. Бог да ја благослови твојата душа“, се вели во објавата.

ПретходноЕдноставно најдобар: Лео Меси урна уште еден рекорд!
СледноРајковиќ си “гази“ во Лигата на Шампионите! Победата ја посвети на Панчо!