Пелистер го запиша четвртиот пораз во низа во Лигата на шампиони откако беше совладан од фаворитот Барселона со 30-34. Актуелниот македонски првак и каталонскиот гигант за првпат во својата историја ги одмерија силите, и тоа во Битола. Ракометарите на Пелистер имаа одлична атмосфера, и овој пат салата „Боро Чурлевски“ беше исполнета до последното место.
Еден од најдобрите поединци во редовите на Пелистер беше Никола Митревски, кој запиша 12 одбрани.
„Секогаш е задоволство кога имаме полна сала и еден противник како Барселона. Голема благодарност до публиката која и кога губевме со 6-7 разлика не бодреше, нашите навивачи се пример како треба да се навива. Го дадовме својот максимум, пробавме да парираме, 20 минути бевме егал, но противникот со неколку добри одбрани и со брза тразнција, успеа го држи водтсвото. Можеше мечот да зааврши еден разлика, а можеше и седум. Честитики до моите соиграчи за борбата, секој го даде својот максимум“, изјави искусниот репрезентативен голман.